Таеквондо клубот „Бутел“ со два медали од Зеница
Членовите на македонскиот таеквондо клуб „Бутел“ освоија два медали на Г1 турнирот во Зеница (Босна и Херцеговина).
Сребрен медал кај јуниорите освои Марко Аврамовски во категоријата до 59 килограми со остварени две победи.
Исто така во јуниорска конкуренција со бронза се закити Филип Станенов (-73 кг.) кој забележа еден триумф.
Кај сениорите Филип Додевски (- 87кг.) претрпе пораз на златен поен од Италијанец, регуларниот резултат беше 14:14, додека Анамарија Георгиевска (- 67кг.) имаше пораз од хрватска натпреварувачка.
Турнир, кој собра повеќе од 300 учесници од 29 држави, беше бодовен за ранг листата на Светската таеквондо федерација.
За неколку дена нов настап на Г1 турнир натпреварувачите од ТК „Бутел“ ќе имаат во Атина (Грција).