Судскиот совет му го одзеде имунитетот на Ѓоко Ристов, судијата ќе оди во куќен притвор
Судскиот совет на денешната итна седница со десет гласа „за“ донесе одлука за одземање на имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој е осомничен за примање поткуп. Одлуката беше законски предуслов за Ристов да оди во куќен притвор.
Препорачано
Членовите на Советот денеска едногласно одлучиле судијата Ристов, кому викендов при претрес му најдоа 350.000 евра заѕидани во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино, привремено да биде оддалечен од вршење на судиската функција.
Покрај куќниот притвор, ОЈО побара и на Ристов да му се одземе пасошот.
Постапката ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), од каде велат дека постои основано сомневање дека пронајдените пари се незаконски стекнати.
Судијата Ристов се најде во центарот на вниманието на јавноста откако пред еден месец беше уапсен адвокатот Фехми Стафа, а кај него беа пронајдени 50.000 евра кои требало да му ги даде на судија во Апелација, за неговиот клиент, Љупчо Пецов-Ѓаволот, да биде ослободен од притвор. Случајот со Пецов во Апелација го водеше судијата Ѓоко Ристов.
Судијата Ристов парите ги криел зад плочка во кујната, полицијата откри како му ги нашла


