Фото: freerangestock.com / CC0

Струга се враќа во цивилизацијата – од чешмите, по скоро цел месец, протече чиста вода

„Матноста на водата е во граница на нормалата“, соопштија надлежните по речиси еден месец во кој жителите на градот немаа пристап до чиста вода за пиење

Водата во Струга е безбедна за пиење и забраната за нејзина употреба се укинува, соопшти попладнево струшкото јавно претпријатие „Водовод и канализација“, врз основа на последните анализи на примероците од водата од изворот Шум. Надлежните утврдиле дека „матноста на водата е во граница на нормалата“.

„Според најновите анализи на Центарот за јавно здравје – Охрид, извршени на примероци од водата во водоводниот систем на градот, водата во Струга е безбедна за пиење. Врз основа на официјалните резултати од анализите, матноста и останатите параметри на водата се во рамките на дозволените граници, со што се укинува претходната препорака за ограничена употреба на водата за пиење“, објави Општина Струга на социјалните мрежи.

Како се снаоѓа Струга со загадената вода?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот