ротест за дислокација на УСЈЕ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

„Стоп за Усје“: Чии интереси штити Општина Кисела Вода – на граѓаните или на загадувачите како „Цементарница“?

Оттаму побараа мерната станица во дворот на Усје да почне да работи во полн капацитет и да биде интегрирана во апликациите, а мерењата да бидат видливи 24/7 и да ги покажуваат сите можни мерења, со став дека истата може да мери колкаво е загадувањето од согорувањето на петролкокс и јаглен кои ги користи цементарницата.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска ја обвини Општина Кисела Вода дека лаже во врска со мерната станица во Усје – дека таа не може во реално време да покажува дали има загадување. Од Иницијативата велат дека тоа не е точно, напротив мерната станица во Усје поддржува онлајн пренос и може да мери колкаво е загадувањето од согорувањето на петролкокс и јаглен кои ги користи цементарницата.

„Ова тврдење на Општината е целосна лага. Уредот кој општината го набави и во 2024 година го постави е Aeroqual AQS-1. Истиот поддржува онлајн пренос и API. Мери PM10, PM2.5, но и SO₂ и NOx, а ние го гледаме само она што тие ќе одлучат да го објават. Оттука, прашуваме: Чии интереси штити Општина Кисела Вода? На нас, граѓаните или на загадувачите како цементарница Усје? Нема да поминат лагите на институциите кои очигледно одлучија да се стават на страната на Усје наместо на страната на граѓаните кои бараат да дишат чист воздух“, велат од „Стоп за Усје“.

Оттаму побараа мерната станица во дворот на Усје да почне да работи во полн капацитет и да биде интегрирана во апликациите, а мерењата да бидат видливи 24/7 и да ги покажуваат сите можни мерења.

„Наместо во реално време да видиме колку загадува Усје,, гледаме рачно изготвени PDF извештаи. Тогашниот градоначалник на Кисела Вода и актуелен градоначалник на Град Скопје – Орце Ѓорѓиевски при поставувањето на оваа иста станица посочи дека сега се институциите на потег и дека е потребен неселективен ангажман од градот и од централната власт. Сега, кога е тој на чело на градот, нека биде пример за неселективен ангажман, на кој треба да постапуваат сите кои се носители на функции. Бараме оваа мерна станица, која има можности да работи во полн капацитет, односно да биде интегрирана во апликациите веднаш да биде видлива 24/7 и да ги покажува сите можни мерења, посочија од „Стоп за Усје“.

Иницијативата повторно ги повика сите да се вклучат во борбата за чист воздух.

„Истовремено, да повториме дека сега, кога Усје е во фаза на барање нова лиценца, сите може да влијаеме во сѐ што значи исцртување на А-интегрираната еколошка дозвола. Затоа сега ни е потребен секој од вас да се вклучи во борбата, конечно ние, нашите деца и нашите семејства да дишеме чист воздух. Ги повикуваме сите, особено еколошките експерти, професори, здруженија и активисти да дадат свој придонес. Ги повикуваме и институциите, конечно да застанат на страната на народот и да кажат стоп на загадувањето од Усје, бидејќи со игнорирањето на овој проблем, стануваат соучесници во труењето на својот народ“, велат од иницијативата.

„Стоп за Усје“: Бараме независни мерни станици што ќе овозможат 24-часовен мониторинг на воздухот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот