Фото: Профимедиа

Стоматолозите: Едноставна дневна навика го намалува ризикот од повеќе од 50 сериозни болести

Научниците во нов извештај истакнаа дека подобрата стоматолошка нега и секојдневното користење конец за заби може значително да го намалат ризикот од повеќе од 50 сериозни болести, бидејќи помага во одржувањето на здравјето на забите и непцата, а со тоа и на целото тело.

Бактериите од заразените непца можат да се шират низ целото тело и евентуално да ја преминат крвно-мозочната бариера, потенцијално зголемувајќи го ризикот од когнитивен пад и деменција, предупреди Алпдоган Кантарџи, професор по стоматологија на Универзитетот во Минесота, на состанокот на Американското здружение за унапредување на науката (AAAС) во Феникс, Аризона.

Редовното чистење на забите и непцата го намалува воспалението кое е поврзано со здравствени проблеми како што се дијабетес, деменција, срцеви заболувања, ревматоиден артритис и воспалителни заболувања на цревата.

Експертите забележуваат дека иако повеќето луѓе редовно ги мијат забите, голем број од нив не користат конец за заби, што доведува до чести проблеми со расипување на забите и заболување на непцата.

Кантарчи предупредува дека лошата орална хигиена во многу развиени земји наликува на ситуацијата во земјите во развој и дека се потребни повеќе инвестиции во превенцијата бидејќи здравјето на устата влијае на општото здравје на целиот организам.

Експертите препорачуваат миење на забите до три пати на ден за одржување на оралната хигиена и предупредуваат дека оние кои не го прават тоа го зголемуваат ризикот од штетни состојби во телото, вклучувајќи го мозокот и зглобовите.

„Сега веруваме дека одржувањето на здравјето на забите може да биде поврзано со намален ризик од повеќе од 50 системски состојби“, рече Кантарчи на настанот наречен „Устата како порта кон целокупното здравје“, каде што истражувачите предупредија: „Неодамнешните докази сугерираат дека усната шуплина може да влијае на здравјето на другите органи, вклучувајќи ги зглобовите, мозокот и цревата“.

Не е нужно дека заболувањето на непцата директно ги предизвикало овие состојби, но се чини дека постои врска, рече тој. Некои истражувања сугерираат дека перзистентното заболување на непцата предизвикува имунолошкиот систем на телото да биде во состојба на постојана будност или воспаление, што може да го иритира мозокот.

„Истражувањата сега покажуваат дека кај луѓе со лесна или умерена болест, оние кои ги мијат и се грижат за своите заби или одат на стоматолог и имаат напредно чистење покажуваат многу подобри когнитивни реакции“, е наведено на конференцијата.

Беше нагласено дека миењето на забите пред спиење е најважно, додавајќи дека оние кои имаат проблеми треба да користат електрични четки за заби, а исто така задолжително да го мијат и јазикот.

Што препорачуваат стоматолозите?

Забите треба да се мијат 2-3 пати дневно, особено по слатка и леплива храна. Ако се мијат само еднаш, најдобро пред спиење. На постарите луѓе и на сите со тешкотии со моториката се препорачуваат електрични четки за заби, како и чистење на јазикот, кој е голем извор на бактерии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот