Стефановски: Не очекувам блокада од Бугарија, сериозен проблем е недостатокот на попис во последните 18 години (ВИДЕО)

-Портпаролката на ЕК и еврокомесарот за проширување дадоа една формулација дека се со позитивни очекувања за објавување на нацрт рамката заедно со дополнителниот извештај минатата недела, но со дискурзивни загради дека може да биде и малку подоцна во текот на јуни. Така што без шпекулирање со датуми, очекуваме наскоро да се случи, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Иван Стефановски од Еуротинк.

Според новата методологија, постоечките поглавја се делат на 6 кластери. Еден од посериозните проблеми е тоа што во нашата земја не е спроведен попис 18 години.

-Претходниот извештај беше прилично позитивен, па дури и попозитивен од тоа што реално се случува во државата. Големи промени на политички план не се случија. Претпоставувам дека треба да очекуваме неколку реченици за справувањето на државата со КОВИД-19. Јас се надевам дека ќе има апел да се продолжи со реформите, оние кои застанаа многу одамна, така што државата и институциите треба зарзано да работат на спроведување на тие реформи.

Копенхагенските критериуми се услов без кој не се може. Новата методологија е документ кој го дели постоечките поглавја во 6 кластери. Најважниот е првиот каде се обврските од поглавјата 23 и 24. Она што е сега интересно е што тука сега се вментнуваат статистичките операции но и еконмските односи, финанссиките текови пред се јавните набавки. Тоа е сигнал до државите кандидатки дека се очекуваат повеќе реформи и да се посвети повеќе внимание на овој дел. Околу статистичките операции, ние ги гледаме како „поздрав“ до нашата држава, бидејќи знаеме дека сме единствена држава во поширокиот регионот која што нема спороведено попис во последните 18 години. Тоа е сериозен проблем, бидејќи секоја сериозна демократска држава не може да прави и креира политики засновани на факти и докази. До официјалниот влез во ЕУ сметам дека ќе треба најмалку 2 пописи да направиме, вели Стефановски.

Околу евентуалните проблеми со соседите и нивните барања да се наметнат како дополнителен проблем во преговарачката рамка, Стефановски вели дека не очекува до првата меѓувладина конференција блокада од страна на Бугарија.

-Јас одбирам да бидам оптимист. Не очекувам блокада, но тоа не значи дека нема да се случи во пракса. Тоа може секоја земја членка да го стори, според внатрешните процедури. Доколку го разглобите процесот, ќе видите дека буквално секоја земја членка може да ве блокира минимум 60 пати од разно – разни причини. Проблемот со Бугарија релно постои, но земјаќи ја предвид целата позитивна енергија која што во последните месеци пристигнува од ЕУ кон Западен Балкан, особено инсистирањето од најголемите членки, пред се Германи Франција, сметам дека блокада од овој тип малку би ги подјармило нивните напори за интеграција на регионот во ЕУ. Јас сметам дека проблемот би се јавил подоцна. И самиот Жбогар рече дека добрососедските односи се клучни, вели Стефановски и додава дека сите заедно треба да работиме најдобро ѓто можеме да ги подобриме условите кај нас, не заради влез во ЕУ, туку пред се заради нас лично.

Целото интервју со Иван Стефановски од Еуротинк погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот