Србин во Америка прави палачинка „Југословенка“, ја обожава дури и пејачот на Металика! (ВИДЕО)

принтскрин

Владан од Крагуевац по доаѓањето во Чикаго отворил ресторан со балканска кујна, а во него се прави најдобрата палачинка во Америка – „Југословенка“.

„Кога ја создавав „Југословенка“ мојата идеја беше следна… Кога веќе ќе дојдеш во Америка од оној мал Балкан, многу е глупаво да ги категоризираш работите како: „босанска пита“, „српска крушка ракија“… Зошто и овде да се делиме на наши и ваши кога сите сме исти, сите иста мака не натерала да дојдеме ваму. Затоа одлучив мојата палачинка „Југословенка“ да ја направам од состојки од цела поранешна Југославија: пршутата е од Босна, куленот е српски, ајварот е од Македонија, па потоа менуваме, додаваме состојки и од другите поранешни републики. Тука единствено малку залута бугарското фета сирење, но и тие се наши… Единствено немаме ништо од Словенија. Словенци, извинете!“, вака својот специјалитет го претстави Владан од Крагуевац, кој на прометниот автопат I-294 кај South Holland ги храни гладните минувачи, камионџии, трговски патници, Балканци, Руси, Кинези и Американци, кои веќе навикнале на неговите специјалитети.

принтскрин

Така во менито, покрај палачинката која во себе ги содржи деликатесите од Балканот, тука се и традиционалните специјалитети кои се „јадат со лажица“: грав, сарма, гулаш…

„Мекдоналдс нечини и е масен, овде се е наше, домашно. Половина Чикаго знае за оваа палачинка… Рецептите за сарма, гулаш и грав ги добивме од една постара госпоѓа од југот на Србија. Американците јадат грав и гулаш, сарма малку послабо, не им е јасно како меленото месо може да се витка во зелка“, објаснува Владан, кој додава дека има и советска варијанта на „Југословенка“, која е наречена „Baltic Sea“ и чија најважна состојка е лососот.

„За балтичката палачинка имам и уште една силна причина – мојата сопруга Ингрида, која секојдневно ми помага, е Литванка. И лососот, нормално, го увезуваме од оваа балтичка земја“, вели овој Крагуевчанец.

принтскрин

Бизнисот со палачинките му тргнал толку добро што тој одлучил да го прошири својот бизис, па во декември минатата година со сопругата го отворил и ресторанот „Post Joint“ во престижниот туристички центар Вејл во Колорадо.

„Правиме пица, паста, свинско, рижото, октоподи, од се по нешто… главно со европски шмек. Редовен гостин ни е и Џејмс Хетфилд, пејачот на Металика, кој секое утро доаѓа кај нас. Тој и неговата сопруга се толку воодушевени од ајварот, па јас им нарачав дури цела кутија. Ги сакаат и другите наши специјалитети, а тој е пријатен и многу добар лик, воопшто не е во фазонот на ѕвезда, не се однесува така, сака да скија и ужива далеку од славата и медиумите“, ја завршува својата приказна Владан, меѓу Американците познат како Ден.

Погледнете…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот