Србија со зголемување на платите од 10 отсто ќе им се заблагодари на медицинските работници

epa-efe
Фото: EPA-EFE/SAN RAFFAELE HOSPITAL

На сите здравствени работници од 1 април оваа година ќе им биде зголемена платата за 10 отсто. Тоа го најави претседателот на Србија Александар Вучиќ, со објаснувањето дека зголемени примања им следуваат на сите здравствени работници – од возачи, стоматолози, лекари специјалисти…

Тој наведе дека тоа е договорено на состанок со премиерката Ана Брнабиќ, за државата на здравствените работници да им се заблагодари на „величествениот“ труд и работа во борбата со коронавирусот.

Според некои пресметки, како што пренесува „Блиц“, растот на платата во здравството за 10 отсто ќе им ги зголеми примањата на медицинарите за повеќе од 10.000 динари (5.242 денари).

Медицинските сестри техничари со средно училиште кои работат на инфективните одделенија, чија моментална основна месечна заработк без било какви додатоци е 49.242 динари (25.816 денари), ќе добијат зголемување од околу 5.000 динари (2.621 денари).

Околу 5.000 динари (2.621 денари) повеќе ќе добијат и вишите медицински сестри и техничари. Нивната основна заработка моментално е 55.592 динари (29.146 денари), а новата зголемена плата ќе изнесува нешто повеќе од 61.000 динари (31.981 денари).

Вишите санитарни техничари кои работат на дезинфекција на просторот, предметите и медицинскиот отпад можа да сметаат на зголемување од 5.200 динари (2.729 денари), имајќи во предвид дека нивната основна заработка без додатоци е 52.181 динари (27.392 денари).

Од друга страна, лекарите специјалисти може да сметаат на зголемување од најмалку 9.000 динари (4.724 денари). Нивната основна плата сега, без додатоци, изнесува 96.262 динари (50.532 денари).

Со зголемувањето, нивните месечни примања со додатоци можат да достигнат и 115.000 динари (60.369 денари), што би претставувало зголемување од 15.000 динари (7.874 денари).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот