Според ОН од Украина досега побегнале три милиона лица

Бегалци од Украина во Краков/ Фото: EPA-EFE/LUKASZ GAGULSKI POLAND OUT

Досега околу три милиона лица побегнале од Украина од почетокот воената инвазија на Русија врз оваа земја, на 24 февруари, пресмета Агенцијата на ОН за бегалци, давајќи најновите информации за бројот на украински бегалци од војната.

„Вкупно 2,95 милиони Украинци ги напуштија своите домови, а 1,8 милиони влегоа во Полска. Други отпатуваа во Унгарија, Романија и Словачка”, наведува Агенцијата.

УНХЦР потврди дека од почетокот на конфликтот 73.000 деца од Украина станале бегалци.

Околу 300.000 од овие украински бегалци веќе влегле во Западна Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот