Мафини со јагоди / Фото: Profimedia

Совршени со утринското кафе — рецепт за меки мафини со јагоди

Меки, воздушести и полни со сочни свежи јагоди – овие мафини се совршен десерт за пролетните денови. Рецептот е едноставен, не бара миксер, а резултатот се мирисни мафини со нежна внатрешност и лесно карамелизиран врв, пишува „Пун куфер“.

Подготовката е брза, вкусот е совршено избалансиран, а благодарение на печењето на повисока температура, мафините убаво нараснуваат и изгледаат како од слаткарница. Одлични се за појадок, бранч или слатко задоволство со кафе.

Потребни состојки

  • 60 г несолен путер, растопен и малку изладен
  • 60 мл масло (сончогледово или растително)
  • 200 г шеќер
  • 1 големо јајце + 1 белка (на собна температура)
  • 1 и пол лажичка екстракт од ванила
  • 120 мл матеница
  • 220 г меко брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 2 лажички пченкарен скроб
  • половина лажичка сол
  • 175 г свежи јагоди, исчистени и исечкани
  • крупен шеќер за посипување (по желба)

Подготовка

Во голем сад измешајте ги растопениот путер и маслото, па кратко соединете ги со жица за матење. Додадете го шеќерот и добро промешајте. Потоа ставете ги јајцето, белката и ванилата, па мешајте додека смесата не стане мазна и изедначена. Постепено додавајте ја матеницата и лесно промешајте.

Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво, пченкарниот скроб и солта.

Сувите состојки додајте ги во течната смеса и мешајте со шпатула само додека делумно не се соединат. Додајте ги исечканите јагоди, па внимателно продолжете со мешање додека смесата едвај се соедини. Не мешајте премногу, токму тоа е тајната за меки мафини. Покријте го садот и оставете ја смесата да отстои од 30 до 60 минути. Овој чекор не е задолжителен, но ќе добиете порастресити мафини.

Загрејте ја рерната на 215 степени.

Калапот за мафини обложете го со хартиени корпички. Наполнете ги корпичките до врвот – ако сакате поголеми мафини, користете 9 до 10 калапи наместо 12. По желба, одозгора посипете крупен шеќер.

Печете 8 минути на 215 степени, а потоа без отворање на рерната намалете ја температурата на 175 степени и печете уште 10 до 12 минути, додека не добијат лесна златна боја.

Оставете ги мафините да стојат 5 до 7 минути во калапот, а потоа префрлете ги на решетка целосно да се изладат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот