Сопругот на Сара Џесика Паркер: Не знам која е тајната за среќен брак
Повеќе децениски бракови веќе одамна се ретка појава во шоубиз индустријата, но секогаш има исклучоци. Сара Џесика Паркер (55) и Метју Бродерик (58) ги кршат сите предрасуди за љубовта со „краток рок на траење“. Тие се 23 години во успешен и среќен брак.
Препорачано

Актерот Бродерик неодамна гостуваше во емисија на радиото „SiriusXM“ каде беше запрашан која е тајната на неговиот брак со актерката, а тој одговорил дека ни самиот не знае.
„Постојано комуницираме и таа е моја најдобра пријателка. Не знам која е тајната за среќен брак, но знам дека сум многу благодарен и дека ја љубам. Не ми се верува дека помина толку време“, изјави Бродерик.

Актерот додаде дека исто така не му се верува дека тие се родители на нивниот 18-годишен син, но и на 11-годишните близнаци.

Во радио разговорот тој се осврна и на заедничкиот ангажман со неговата сопруга во претставата „Plaza Suite“, велејќи дека е фасциниран од талентот на Сара.
„Никогаш не сум глумел со неа. Таа беше одлична во нејзината улога. Само се потсетив колку е паметна, комична и прекрасна актерка“, истакна Бродерик.

Паркер честопати во интервјуа зборува за тоа дека со својот сопруг успешно ги одбегнуваат темите поврзани со работа, обидувајќи се да го задржи приватниот и професионалниот живот одделени. Како што вели, „кога дома те чекаат три деца, нема потреба да се зборува за работа“.



