Словачка пресилна, Македонија втора на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“

Тампере е во минатото, ЕП 2023 треба да биде „круна“ на оваа одлична генерација/Фото: Македонска одбојкарска федерација

Денеска заврши 45 издание на традиционалниот одбојкарски меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, во завршната битка за трофејот македонската сениорска репрезентација загуби од Словачка со 1:3.

Словаците кои исто така се учесници на претстојното Европско првенство се покажаа како доста силни противници и на крајот дојдоа до трофејот со две победи, откако претходно со 3:0 ја совладаа Црна Гора.

За избраниците на селекторот Душко Николиќ, после стартниот триумф над Црногорците (3:1), ја загубија денешната битка, но секако беше одличен тест на можностите пред настапот на континенталниот собир кој ќе го стартуваме на 1 септември во групата „Ц“ против еден од домаќините на ЕП, Финска, во Тампере.

На турнирот „Чајка“ Македонија требаше да има уште еден контролен меч против Израел, но оваа селекција го откажа настапот во СЦ „Борис Трајковски“ поради позитивни случаи на ковид-19 во својот состав.

На денешниот дуел Словачка го освои првиот сет со 25:17, па успеавме да израмниме на 25:21. Во рамките од третиот сет имавме убава можност да поведеде со 2:1, на семафорот стоеше високи 17:9 за нас, и наместо да се искористи овој значаен момент, се дозволи голем пресврт на гостите кои на крајот со 25:22 беа подобри од третиот сет, а со ист резултат го освоија и четвртиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот