СЛЕДЕНИ И НАПАДНАТИ ЛГБТИ АКТИВИСТИ веднаш по Парада на Гордоста во Скопје

скопје лгбт
Фото Слободен печат

На самиот крај на Парадата на гордоста вчера, која за прв пат се одржа во и Македонија (оставајќи ја Босна и Херцеговина последна држава во регионот се до септември, кога во Сараево ќе се одржи првата Парада на гордоста) сепак се случил инцидент.

Целиот настан се одвиваше без некои поголеми проблеми, а најавуваната силна полициска придружба и не беше толку обемна, бидејќи освен неколку лица кои извикуваа „Уа“ на самиот почеткот од маршот, каде луѓето се собираа, за време на самиот марш немаше инциденти, толпата луѓе безбедно пристигна на финишот во Градскиот парк.

Сепак, пред крајот на настанот, шест припадници на ЛГБТИ заедницата се нашле во загрозувачка ситуација каде 6 до 7 лица ги нападнале на Кањонот Матка, а кога решиле да заминат за да избегнат проблеми, напаѓачите почнале да ги следат со автомобил и успеале да им го попречат патот, при што таксито принудно запрело. Лицето А.Ј. (30) излегол од автомобилот и почнал прво со вербален, а потоа и со насилен напад кон лице кое припаќа на ЛГБТИ заедницата.

„Околу 16:00 часот на Кањон Матка, Б.И. (32), З.Л. (31) и К.Џ.(31) сите од Тирана-Албанија, И.А. (21) и Х.Л.(32) двете од Босна и Херцеговина и А.Б. (36) од Тетово биле пресретнати од група од околу 6-7 лица и навредувани зашто биле припадници на ЛГБТИ заедницата. За да избегнат проблем, се качиле во такси возило и се упатило кон Сарај.

По нив тргнало “Ауди“ со кое кога пристигнале во близина на плоштад “Иса Булетини“ во Сарај им бил попречен патот и такси возилото принудно запрело. Тогаш од “Ауди“ излегол возачот и започнал да го навредува и да упатува пцовки и закани насочени конкретно кон А.Б. и во еден момент физички го нападнал.

Во меѓувреме на местото на настанот пристигнале УПС и од нивна страна напаѓачот е лишен од слобода. Подоцна е утврдено дека се работи за А.Ј. (30) од Скопје.“ информираат во соопштението од МВР, Скопје.

Од Субверзивниот фронт за Слободен печат информираат дека вчера ги контактирале нападнатите и ги посетиле во полициската станица, а МВР работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот