Славниот актер за инцидентот од сетот: Погрешно сум сфатен, мислев дека е смешно

Фото: ЕПА

Бил Мареј се огласи откако против него беше поднесена пријава за недолично однесување на сетот на неговиот претстоен филм „Being Mortal“. Актерот смета дека неговите постапки кон жените се „погрешно протолкувани“.

„Направив нешто за што мислев дека е смешно, но не беше така разбрано“, изјави актерот за CNBC.

Според неговите зборови, за време на снимањето дошло до „разлика во мислењата“ меѓу него и жената, по што таа поднела жалба и снимањето било прекинато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Murray Pics (@billmurraypics)


Откако жените се пожалиле на допирите, Мареј се судрил со филмскиот режисер Азиз Ансари, кој не го одобрил ваквото однесување на сетот.

„Ова е добра лекција за мене“

„Ние сега разговараме и се обидуваме да се смириме. И двајцата сме професионалци. Ја сакаме работата на другиот. Мислам дека се сакаме еден со друг, и ако не можеме да си веруваме еден на друг и да работиме заедно, тогаш нема смисла да продолжиме со работа и снимањето на филмот. Ова за мене беше добра лекција“, додаде тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Murray Pics (@billmurraypics)

„Она што би ме направило најсреќен би било и двајцата да се вратиме на работа. Да можеме да си веруваме еден на друг на проектот што не натера да потрошиме многу време развивајќи ги нашите вештини. Се надевам дека ќе направиме нешто што е добро не само за нас двајца, туку за целиот тим“, заврши актерот.

„Жените се чувствуваа непријатно“

Да се потсетиме, изворот за „Six“ изјави дека актерот наводно ги допирал жените на сетот и дека на нив им било непријатно поради тоа.

„Ги допираше, но не на интимни места, туку ги гушкаше, им ја допираше косата, ќе ги скубнеше, но секогаш на шеговит начин. Границата тука е тенка иако сите го сакаат Бил, неговото однесување не е незаконско, но некои жени се почувствуваа непријатно“, изјавил изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Murray Pics (@billmurraypics)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот