Скандал во Формула 1: Ферстапен би можел да остане без ланската титула?!

Холандскиот возач на „Ред Бул“, Макс Ферстапен/фото: EPA-EFE/Zoltan Balogh

Првите луѓе на Светската автомобилска федерација (ФИА) ќе покренат истрага против тимот на Ред Бул под сомнение дека овој тим го надминал ограничувањето на буџетот за минатата сезона во шампионатот во Формула 1, пренесуваат италијанските медиуми.

„Гаѕета дело Спорт“ тврди дека сомнежите се оправдани и истакнуваат дека од ФИА ќе се огласат во следните неколку дена.

– Сезоната 2021 беше одбележана со воведување на буџетски ограничувања. Трошоците не би можеле да надминат вкупно 147,4 милиони долари (околу 130 милиони евра во 2021 година), при што заработката на возачот и комерцијалното работење не се дел од таа граница. Секој вишок од помалку од пет милиони долари ФИА го смета за помал прекршок, но, наводно, Ред Бул значително го надминал дозволениот минус – тврди италијанскиот весник.

Изворот потсетува дека ФИА нема јасно регулирани правила за тоа како ќе биде казнет тим кој ќе го надмине буџетот.

Ферстапен минатата Ф1 сезона ја освои титулата со 395,5 поени, додека британскиот возач на Мерцедес Луис Хамилтон беше втор со 387,5 поени. Ферстапен моментно е на првото место во генералниот пласман кај возачите со 335 поени, додека Шарл Леклер од Ферари е втор со 219. Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози во недела за Големата награда на Сингапур.

– ФИА е слободна да ја одреди казната што ја сака доколку утврди прекршок. Тоа може да биде намалување на буџетот на тимот во иднина, но и одземање бодови на возачите. Доколку се открие дека возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, користел непропишан болид, неговата предност од осум поени на крајот на минатата сезона би можела да биде нелегитимна и подоцна да биде казнет. Сепак, ФИА би можела да смета дека возачот не е одговорен за грешките на неговиот тим и така да одземе бодови во шампионатот за конструктори, што нема да има никакви последици. Мерцедес минатата сезона ја заврши на првото место во генералниот пласман кај конструкторите со 613,5 бодови, додека Ред Бул беше втор со 585,5 – пишува „Гаѕета дело Спорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот