Сите занемеа кога АДРИЈАНА ЛИМА се појави во блескаво сино издание (ФОТО)

profimedia

Оваа убавица пристигна во Кан и повторно им покажа на сите зошто таа важи за една од најубавите жени во светот.

Филмскиот фестивал во Kан секоја година собира голем број на светски ѕвезди, актери, музичари, но и модели.

Оваа година црвениот тепих со присуството го почасти и пекрасната манекенка Адријана Лима, а со својот изглед ги занеме сите.

profimedia

Појавувајќи се во темносин блескав фустан со голем шлиц кој ги откри долгите нозе, Адријана уште еднаш покажа зошто е меѓу најубавите жени во светот.

Лима е позната по своите светли очи и темната коса, како и совршено обликуваното тело кое го истакна и во оваа прилика. Во предизвикувачкото, но сепак ниту малку вулгарно издание се прошета во Кан и ги собра сите воздишки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот