Силвестер Сталоне го продава својот луксузен имот за 130 милиони долари

Фото: Профимедиа

Актерот Силвестер Сталоне решил да го продаде својот импозантен имот кој се простира на неверојатни три ипол хектари и да се пресели на Флорида.

Актерот споменатиот имот го купи во деведесетите години, а потоа комплетно го реновираше и го надгради според своите потреби. Тој додаде неколку спални соби, неколку бањи, изгради и вински подрум, а дворецот го претвори во вистински рај.

Имено, Сталоне минатата година купи уште една вила со локација во Палм Бич. Таа вила која има 1230 квадрати го чинеше вкупно 35,4 милиони долари.

Актерот денес сака да се пресели во новата вила и смета дека повеќе не му е потребна старата, па така тој својот имот во кој во дворот го чува и кипот на Роки го претставил пред агентите за недвижности со цел тој побрзо да се продаде, а за него бара неверојатни 130 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот