Швјонтек рутински до полуфиналето во Париз! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Денеска ја дознавме и втората полуфиналистка на грен слем турнирот „Ролан Гарос,“ Ига Швјонтек која во четвртфиналето со резултат 2:0 триумфираше против Мартина Тревизан.

За точно 80 минути игра полската натпреварувачка ја оправда фаворитската улога против Италијанката славејќи со 6:3 и 6:1.

Иако Тревизан прва стигна до брејк, но потоа доминираше само нејзината противничка и со серија гемови го обезбеди местото во полуфиналето на Отвореното првенство во Франција. За првпат во нејзината кариера е во Топ 4 најдобри тенисерки на грен слем турнирите.

На претпоследната пречка Швјонтек ќе се соочи против Аргентинката Надја Подороска која претходно забележа триумф против Елина Свитолина (Украина).

САД дефинитивно ќе имаат своја претставничка во полуфиналето, Дениел Колинс ќе ги одмери силите против Софија Кенин, а победничката од тој дуел ќе игра против Петра Квитоа (Чешка) или Лаура Зигемунд од Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот