Швајцарскиот селектор за групата со Македонија: Со нетрпение ги чекаме натпреварите
Македонската фудбалска репрезентација ќе се натпреварува во силна група во Б-дивизијата од Лигата на Нации, каде што за противници ќе ги има селекциите на Шкотска, Словенија и Швајцарија.
Препорачано
Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин не крие дека очекува жестока битка за врвот во групата. Тој истакна дека неговата селекција веќе има свежо искуство со Шкотска од Европското првенство 2024, како и добро познанство со Словенија, додека со Македонија ќе се соочи за првпат.
„Добивме навистина возбудлива група. Со Шкотска имаме меѓусебни дуели и од ЕП 2024, со Словенија исто така добро се познаваме, а со Македонија ќе играме првпат. Ќе бидат, во секој случај, тешки дуели. Со нетрпение ги очекуваме натпреварите, низ кои ќе се обидеме да докажеме дека местото ни е во А дивизијата“, изјави Јакин.
Новата сезона во Лигата на нации ќе стартува на 24 септември и ќе трае до 17 ноември, кога ќе се одиграат последните натпревари од групната фаза. Во септември, октомври и ноември се предвидени по две кола месечно. Четвртфиналните пресметки и плејофот ќе се играат од 25 до 30 март 2027 година, завршниот турнир во А-лигата е закажан од 9 до 13 јуни 2027, додека баражот за Европското првенство ќе се одржи од 23 до 28 март 2028 година.
Седлоски: Не сме аутсајдери, имаме зрела генерација и јасна идеја како сакаме да играме
Maкедонија ги дозна противниците во Лигата на Нации – фудбалерите ги чека тешка задача
Омерагиќ: Силни противници во Лигата Б, но вистински тест за Македонија


