Гоце Седлоски - Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Седлоски: Не сме аутсајдери, имаме зрела генерација и јасна идеја како сакаме да играме

Репрезентацијата на Македонија денеска ги доби противниците во Лигата на Нации каде што ждрепката сакаше да се соочиме со репрезентациите на: Шкотска, Словенија и Швајцарија.

Селекторот Гоце Седлоски веднаш по натпреварот порача дека иако групата е тешка, Македонија не влегува како аутсајдер и целта ќе биде да сме конкурентни против секого без разлика каде ќе играме.

“Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува. Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б. Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот. Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот”, изјави Седлоски.

Новата сезона во Лигата на нации ќе стартува на 24 септември и ќе трае до 17 ноември, кога ќе се одиграат последните натпревари од групната фаза.

Maкедонија ги дозна противниците во Лигата на Нации – фудбалерите ги чека тешка задача

ФОТО | Сите групи во Лигата на Нации: Србија против Германија и Холандија, Хрватска со Англија и Шпанија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот