Шумахер префрлен на тајно лекување во Париз, има проблеми со срцето?

Шумахер во 1999 година имаше стравичен инцидент во кој заработи скршеница на ногата/ фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Седумкратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер во понеделникот вечерта е пренесен од Женева во болницата „Жорж-Помпиду“ во Париз на тајно лекување, пренесува весникот „Ле Паризиен“. Германецот со возило на итна помош со женевски регистарски таблички е донесен на одделот за интензивно следење при кардиоваскуларна хирургија на „Жорж-Помпиду“ болницата во Париз.

Шумахер бил однесен на носилки кои биле прекриени со темно сина прекривка, за да не се види неговото лице, ниту телото, а го следело обезбедување од десетина луѓе, кои внимавале на секој детал за да не протечат некакви информации.

Михаел Шумахер се повреди на скијање на 29 декември 2013 година во Мерибел а француските Алпи. Лекарите го ставија Шумахер во индуктивна (вештачка) кома за да го спречат отекувањето на мозокот, и по шест месеци го разбудија од кома. Рехабилитацијата ја продолжи во Гренобл, а потоа и во својот дом на Женевското езеро.

Михаел и понатаму не може да оди и да стои, но според поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод, оваа година состојбата е далеку подобра но седумкратниот Ф1 шампион сè уште не може да комуницира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот