Шакира Концерт Мексико- Фото: YURI CORTEZ / AFP / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Шакира урна рекорд во Мексико Сити: 400.000 луѓе го следеа бесплатниот концерт на плоштадот Зокало

Шакира во неделата заврши со дел својата светска турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“ со нов рекорд, собирајќи 400.000 луѓе на бесплатен концерт на плоштадот во Мексико Сити. Според податоците на градските власти, ова е најголемата публика досега собрана на главниот јавен плоштад во земјата и го означува враќањето на колумбиската ѕвезда таму, првпат по нејзиниот настап во 2007 година.

„Денес чувствувам мешавина од возбуда, носталгија и благодарност. Денес е нашиот последен ден овде во Мексико, мојот дом. Оваа љубовна приказна и пријателство што го имам со Мексико не може да се споредат со ништо. Ви благодарам за енергијата и радоста што ми ги дадовте. Засекогаш сме едно“, им порача Шакира на присутните.

Претходниот рекорд го држеше аргентинскиот бенд „Los Fabulosos Cadillacs“, кој на 3 јуни 2023 година собра 300.000 луѓе, а зад него е „Grupo Firme“, кој една година претходно привлече 280.000 посетители.

За време на едночасовниот настап, Шакира ги изведе хитовите „Antología“, „Loba“ и „Hips Don’t Lie“.

На плоштадот Зокало беа присутни 400.000 луѓе, а обожавателите го следеа концертот и од околните улици, каде што беа поставени големи екрани.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клара Молина, изјави дека настанот собрал 400.000 луѓе.

Според Националната комора за трговија, услуги и туризам, концертот генерирал проценето економско влијание од 403 милиони пезоси (23,2 милиони долари) за хотелите, рестораните и локалните бизниси.

Шакира Концерт Мексико- Фото: YURI CORTEZ / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот