Шајло Џоли Пит напoлни 14 години

Првото биолошко дете на Бред Пит и на Анџелина Џоли, Шајло Џоли Пит, наврши 14 години, а нејзината животна приказна е веќе една од најинтересните на славните деца.

Уште на денот кога се роди, целата јавност се интересираше да го види бебето на двајцата според многумина најубави луѓе во Холивуд. Шајло стана толку популарно дете, што веднаш доби восочна фигура, која беше поставена веднаш до фигурите на двајцата нејзини родители во Музејот за восочни фигури „Мадам Тисо“.

инстаграм

Кога се роди Шајло, многумина се прашуваа како ќе изгледа детето кога ќе порасне, а сега, кога таа наврши 14 години, озборувањата околу нејзиниот изглед навистина не престануваат.

инстаграм

Имено, уште од малечка Шајло се облекува како машко и речиси никогаш досега не била видена како носи фустан. Според многумина, првото биолошко дете на Анџелина и на Бред е трансродово и родителите разговарале со стручни лица околу неговата постепена трансформација во машко.

профимедиа

Според медиумите, таа уште како мала барала да ѝ се обраќаат во машки род, но родителите претпоставувале дека тоа е така затоа што има постари браќа. Шајло наводно многу се лутела доколку некој ѝ се обраќал со тоа име и барала да ја викаат Џон или Питер, типични машки имиња.

инстаграм

Сепак, со текот на времето се покажало дека Шајло навистина се чувствува како машко, па постојано носи кратка коса и широка облека.

Исто така, наводно, откако наполнила 11 години, Шајло посетила експерт што ѝ препорачал хормонална терапија и советување што ќе ѝ помогне да стане момче.

инстаграм

Инаку, таа живее заедно со своите браќа и сестри.

Бред и Анџелина имаат три биолошки и три посвоени деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот