Секси ѕвездата на Нетфликс е фаворит во трката за новиот Џејмс Бонд

Реге-Жан Пејџ
Реге-Жан Пејџ / Фото: Профимедиа

Реге-Жан Пејџ, ѕвездата на серијата на Нетфликс „Бридгертон“ се чувствува поласкано бидејќи е еден од кандидатите за улогата во новиот Џејмс Бонд.

Според обложувалницата „Bookies Coral“ тој го претекнал Том Харди и Џејмс Нортон, па така станал главен фаворит во трката.

„Ах, тој збор на Б. Мислам дека кога си Британец и ќе направиш било што вредно за пофалба, луѓето го забележуваат тоа и те поврзуваат со таа улога. Сметам дека тоа е нормално и поласкан сум што сум во категоријата која Британците ја забележале“, изјави актерот.

Доколку ја добие улогата на агентот 007, тој би го заменил досегашниот Бонд, Даниел Крег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот