Секој четврти ковид случај во Грција е дете на возраст до 18 години
Со новите тестирања од изминатата недела, 24 проценти од новозаразените ковид-19 пациенти во Грција, односно 3.559 случаи се кај деца на возраст од четири до 18 години, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, пренесува весникот Прото Тема.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Станува збор за првата седмица од отворањето на училиштата во земјата, а еднаш неделно ќе се објавуваат податоци за ситуацијата со коронавирусот кај учениците.
Во Солун веќе се затворени две паралелки во основно училиште, откако биле потврдени над 20 случаи на Ковид-19 во двете одделенија.
Учебната година во Грција започна на 13 септември, учениците следат редовна настава со физичко присуство, а задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација (за учениците над 12 години) или потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично (секој вторник и петок).
Наставата со физичко присуство ќе се прекине само доколку во едно одделение или клас има 50 отсто плус еден позитивен случај од вкупниот број ученици.


