Се запали „порше“ во движење во Радишани, возачот не е повреден
Автомобил целосно изгоре во пожар кој избувна додека возилото било во движење. Инцидентот се случи на обиколницата кај клучката во скопската населба Радишани.
Препорачано
Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ потврдија дека возилото го управувала жена која, за среќа, поминала без повреди. Според првичните информации, возилото се запалило во движење.
Видео од запаленото возило сподели порталот „Маркукуле“ на својата фејсбук-страница, каде што на снимката се гледа како густ црн чад и пламен целосно го голтаат луксузниот автомобил „порше кајен“.
Објавата на социјалните мрежи веднаш предизвика бројни коментари од граѓаните – додека едни критикуваат за недостиг на противпожарни апарати во возилата, други дебатираат за причините за пожарот, кои допрва треба да се утврдат по увидот на надлежните служби.
Поради инцидентот, сообраќајот на овој дел од обиколницата се одвива со забавено темпо.
ФОТО | Во пожарот кај Визбегово горат стари коли на приватен имот
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
55мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


