Се огласи и вереникот на Бритни Спирс по загубата на бебето: Тешко е, но не сме сами!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Бритни Спирс пред неколку дена објави во јавноста дека го изгубила бебето. Оваа вест растажи многумина, а несомнено најмногу поп принцезата и нејзиниот вереник Сем Асгари, кои неизмерно и се радуваа на приновата.

Сем сега се огласи на Инстаграм, првпат откако Бритни доживеа спонтан абортус, и се заблагодари на големата поддршка која ја добиваат.

Фото: Инстаграм

„Ја чувствуваме вашата поддршка. Работите ги сфаќаме позитивно и одиме напред во иднината. Тешко е, но не сме сами. Ви благодариме што ја почитувате нашата приватност. Наскоро ќе го прошириме нашето семејство“, напиша Асгари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот