Само во Москва 7.500 заразени од ковид-19 за еден ден

Фото: EPA-EFE/EDDY LEMAISTRE

Ситуацијата со ширењето на коронавирусот во Русија е тешка, забележливи се лошите тенденции, изјави денеска портпаролот на Кремlin, Дмитриј Песков. Песков изјави дека ревакцинацијата во земјата ќе биде неизбежна.

„Ситуацијата е тешка, тенденциите се повеќе лоши отколку добри“, рече Песков, додавајќи дека повторната вакцинација ќе биде неопходна кај оние луѓе чиишто антитела паднале на недоволно ниво.

Во последните 24 часа, во Русија се регистрирани 17.378 нови случаи на инфекција со вирус на корона, а од почетокот на пандемијата 5.334.204, објавија руските власти. Само во Москва, во последните 24 часа се регистрирани 7.584 нови случаи на инфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот