Само еден трејлер беше доволен за критичарите да проценат – Ентони Хопкинс може да очекува уште една номинација за Оскар за својот најнов филм „Татко“ (ВИДЕО)

Фото: IMDb

Ентони Хопкинс го игра Ентони, човекот кој ја губи контролата над својот живот…

Само еден трејлер беше доволен за критичарите да проценат – Ентони Хопкинс може да очекува уште една номинација за Оскар за својот најнов филм.

Легендарниот актер Ентони Хопкинс (82) во филмот „Татко“ го игра Ентони, шармантниот стар човек, кој се труди да го зачува своето чувство за реалноста и покрај борбата со деменција.

Првиот трејлер го покажува како весел човек, среќен со својата ќерка Ен, која ја игра оскаровката Оливија Колман.

Ен пронаоѓа девојка која ќе се грижи за нејзиниот татко, но веднаш потоа тој станува збунет. Во неговиот стан сега живее една друга жена, која не е Ен, но тврди дека е. Тврди дека таа всушност е неговата ќерка.

– Чудни работи се случуваат околу нас, и вели тој на новата Ен.

Но кога веќе во следниот кадар ја гледаме првобитната Ен, тој кон неа е ладен.

– Видов во неговите очи, тој не знае која сум. Бев странец за него, му вели Ен на својот сопруг.

Фото: IMDb

Моментот кога Ентони извикува дека нема да го напушти својот раскошен и простран стан (кој во Лондон сигурно вреди милиони), е доволен да се посомневаме дека можеби станува збор за обид некој да го измами сиротиот старец поради имотот, но можеби и не.

Додека филмот не стигне во кината во декември, нема да го дознаеме точниот заплет. Тоа што е веќе јасно е дека Хопкинс ја покажа големината на неговиот талент. Филмот веќе е прикажан на онлајн фестивалот во Торонто, како и на Санденс фестивалот.

Се шушка дека Хопкингс би можел поради ова ремек дело од глума да добие уште една номинација за Оскар. Тој веќе имаше пет, а со златна статуетка е награден за една од главните машки улоги во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот