Сакате нешто благо и брзо? Направете си едноставен чоколаден колач со бисквити!

Фото: Профимедиа

Состојки:

300 грама маргарин

150 грама чоколадо за готвење

100 милилитри млеко

1 лажица екстракт од ванила

100 грама какао

300 грама шеќер

36  бисквити

Подготовка:

Најпрвин почнете со топењето на маргаринот и на чоколадото за готвење. Откако ќе се стопат, додајте ги млекото, ванилата, какаото и шеќерот и сето тоа убаво соединете го. Откако смесата ќе стане компактна, тргнете ја од оган.

Земете еден огноотпорен сад и една третина од вака подготвената смеса, истурете ја во него. Врз смесата ставете 12 бисквити. Оваа постапка повторете ја уште двапати. Вака подготвениот чоколаден колач со бисквити, оставете го во фрижидер околу 2 часа да отстои. Со тоа десертот е готов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот