САД и Канада ѝ нанесоа нова главоболка на Кина

Сад и Кина / Фото: Профимедиа

Кинеската војска денеска ги искритикува САД и Канада поради испраќањето на нивните воени бродови преку Тајванскиот теснец минатата недела, велејќи дека тоа го загрозува мирот и стабилноста во регионот.  

Американската војска соопшти дека нејзиниот ракетен уништувач „УСС Деви“, во четвртокот и петокот минал низ тесниот теснец што ги дели Кина и Тајван со канадската фрегата „ХМЦС Винипег“, пишува Ројтерс.  

„Преминувањето на Деви и Винипег низ Тајванскиот теснец ја покажува посветеноста на САД и нашите сојузници и партнери за слободен и отворен Индо-Пацифик“, додаде американската војска.

Американска морнарица/ Фото EPA/MCSN Cheng S. Yang/HANDOUT

САД и Канада создаваат нови проблеми 

Кинеската народна ослободителна армија соопшти дека постојано ги надгледувала бродовите и била „на стража“ при нивното минување.  

„Соединетите држави и Канада се обединија за да предизвикаат и да создадат нови проблеми, сериозно загрозувајќи го мирот и стабилноста на Тајванскиот теснец“, соопшти кинеската војска.  

Кина цврсто стои на ставот дека Тајван е дел од кинеската територија, дека секогаш е во состојба на готовност во таа област и дека „ќе се спротистави на сите закани и провокации“.  

Вежба на кинеската војска/Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Бес во Пекинг 

Американските бродови, секој месец минуваат низ теснецот предизвикувајќи бес во Пекинг. Понекогаш истото го прават и американските сојузници како Британците.

Кина го смета Тајван за своја територија како демократска и неколкупати во минатата година влезе во Тајванската зона за идентификација на воздушната одбрана (АДИЗ) со своите воздушни сили, што го налути Тајпеј.

Во четиридневниот период од 1 октомври, Кина испрати 150 авиони во зоната. 

Иако расте тензијата помеѓу двата главни града, досега не се испукани куршуми, а кинеските авиони не влегуваат во воздушниот простор на Тајван, туку дејствуваат во југозападниот дел на тајванскиот АДИЗ, кој вклучува поширока област контролирана од Тајван.

Тајван, поранешна јапонска колонија, во 1949-та година бил преземен од кинеските националисти предводени од Чианг Каи-шек, по поразот на комунистите на Мао Це Тунг во централна Кина. 

Кина испрати 52 борбени авиони кон Тајван

ВИДЕО: Кина целосно ќе биде способна да го нападне Тајван за три години

Тензиите меѓу двете држави растат: Индија воведува повисоки царини за производите од Кина

 

Видео на денот