Тензиите меѓу двете држави растат: Индија воведува повисоки царини за производите од Кина

Кина и Индија конфликт илустрација/ Фото Архива на Слободен Печат

Државната служба за индиски стандарди ги финализира построгите норми за повеќе од 370 артикли, меѓу кои хемикалии, електроника, мебел, хартија, индустриски машини, гумени производи, стакло, фармацевтски артикли и пластични играчки.

Индија планира да воведе повисоки царини за артиклите од Кина и построга контрола на квалитетот на кинеските увезени производи, а тоа пак зборува дека воените тензии помеѓу двете држави ги влошуваат и економските односи.

Информацијата ја објави Блумберг повикувајќи се на индиски неименувани извори.

Државната служба за индиски стандарди ги финализира построгите норми за повеќе од 370 артикли, меѓу кои хемикалии, електроника, мебел, хартија, индустриски машини, гумени производи, стакло, фармацевтски артикли и пластични играчки.

Нормите се разгледуваат од Министерството за финансии на Индија, а Владата инсистира на стимулирање на локалното производство.

Индија минатата година увезла од Кина производи во вредност од приближно 70 милијарди американски долари, додека трговската размена помеѓу Пекинг и Њу Делхи изнесувала околу 50 милијарди долари.

Тензиите меѓу двете земји се влошија и поради неодамнешниот судир на пограничните единици во кои на 20 индиски безбедносни припадници го загубија животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот