ВИДЕО: Кина целосно ќе биде способна да го нападне Тајван за три години

Кина ќе може да изведе сеопфатна инвазија на Тајван до 2025 година, прогнозираат тајванските воени власти Сегашните тензии меѓу Кина и Тајван се сметаат како најлоши и најопасни во последните 40 години.

Проценките се дека Кина сега е способна, но дека ќе биде целосно воено подготвена да започне инвазија врз Тајван за три години.

printscreen Youtube

Тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-Ченг, изјави дека Кинеската армија има борбен и воен капацитет, но нема лесно да ја започне војната, бидејќи мора да земе предвид многу други работи “.
За само 4 дена Пекинг испрати околу 150 воени авиони во тајванската зона за воздушна одбрана , почнувајќи од петокот, истиот ден кога Кина го одбележа клучниот патриотски празник, во рекордна ескалација на нејзините воени активности насочени кон островот.

printscreen Youtube

Кина тврди дека Тајван е кинеска провинција и вети дека повторно ќе го заземе, доколку е потребно, притоа обвинуваќи ја демократски избрана влада во Тајпеј дека е сепаратистичка . Тајванската влада пак вели дека веќе е суверена нација без потреба од прогласување независност. Тајванската претседателка Каи Инг-вен порача дека Тајван нема да ризикува , туку ќе направи „се што е потребно“ за да се одбрани од кинеска инвазија.

printscreen Youtube

Иако се повеќе се шпекулира дека Кина има намера да го нападне Тајван, меѓу аналитичарите и водечките политички личности се водат жестоки дебати за времето и природата на таквата акција.

Итноста од евентуалната закана го принуди тајванскиот парламент да го разгледа специјалниот закон за буџетот за одбрана во износ од 8,6 милијарди долари. Околу две третини ќе бидат потрошени за против-бродско оружје, како што се копнени ракетни системи, вклучувајќи план од 148,9 милијарди долари за масовно производство на домашни ракети и бродови „со високи перформанси“.

Набавката на оружје за одбрана тајванската армија го конципира врз разузнавачките податоци според кои постои опасност од кинески воен напад токму преку чувствителниот и геостратешки важен Тајвански теснец.

printscreen Youtube

Тајванската армија e целосно воено подредена од моќната кинеската војска, па затоа нивните воени експерти се фокусирани на развивање на асиметричен одбранбен систем наречен „Бодликаво прасе “ за да ја одврати или одбие копнената инвазија. Паралелно владата во Тајпеј се обидува да добие подршка за одбрана и разузнавачка и логистичка поддршка од други нации, вклучувајќи ги Австралија, Јапонија и САД – кои исто така му продаваат оружје на Тајван.

printscreen Youtube

Американскиот претседател Џо Бајден деновиве изјави дека разговарал со кинескиот претседател Си Џипинг и дека добил уверување дека Пекинг засега ќе се држи до таканаречениот тајванскиот договор.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот