САД тајно го обучувале Тајван за можен напад од Кина

Пет членови на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска пристигнаа во кратка посета на Тајван/ Фото EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Американските војници тајно ја обучувале тајванската војска „помалку од една година“ за зајакнување на одбраната на островот против Кина, пишува Волстрит Журнал.

Околу 20 војници на американските специјални сили и компонентата на Морнаричкиот корпус тренирале помали единици на тајванската армија и морнарица, објави американскиот весник, повикувајќи се на анонимни американски официјални извори.

„Помалку од 20 специјални сили“

„Постојат две групи, војници на специјалните сили и конвенционалните сили“, потврдил службеникот, кој сакал да остане анонимен. Тој посочи дека има „помалку од 20“ елитни војници и дека бројот на конвенционалните сили, кои се менуваат, „не е голем“.

Официјалниот претставник не кажа кога американските елитни трупи пристигнале на островот, но рече дека тие биле таму „помалку од една година“.

На новинарско прашање, Пентагон не го негираше тоа.

„Не коментирам операции, распоредување сили и специјална обука, но би сакал да истакнам дека нашата поддршка за Тајван и нашите одбранбени врски (со островот) одговараат на закана како што е Народна Република Кина денес“, рече Портпаролот на американското министерство за одбрана Џон Супл.

„Го повикуваме Пекинг да ги исполни обврските за мирно решавање на споровите“ меѓу Кина и Тајван, додаде тој.

Тајванските медиуми претходно пишуваа за американски војници, но владите го негираа тоа.

Тајван/Фото: EPA-EFE/USGS / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Тајванското министерство за одбрана одби да коментира

Тајванските медиуми минатиот ноември, повикувајќи се на поморската команда на островот, пишуваа за пристигнувањето на американските маринци и специјалните сили во Тајван за обука на тајванската армија во одбранбените операции. Тајванските и американските власти ги негираа овие информации.

САД ја зголемија продажбата на оружје на Тајван

Иако Кина смета дека островот со 23 милиони жители е бунтовничка провинција, која треба да се врати под власт на Кина, дури и со сила, САД, главниот сојузник на Тајван, во последните години ја зголеми продажбата на оружје на Тајван.

Кина неодамна неколку пати го нападна воздушниот простор на Тајван, по што Вашингтон изрази „загриженост“ поради „провокацијата“ на Пекинг.

Ваквите акции се „дестабилизирачки“ и „го поткопуваат регионалниот мир и безбедност“, изјави во неделата портпаролот на американската дипломатија Нед Прајс.

ВИДЕО: Кина целосно ќе биде способна да го нападне Тајван за три години

Кина испрати 52 борбени авиони кон Тајван

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот