Кина испрати 52 борбени авиони кон Тајван

Авион / Фото: EPA-EFE/TAIWAN MINISTRY OF NATIONAL DEFENSE HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Кина денеска испрати 52 борбени авиони во Тајван, најмногу досега, продолжувајќи ја тридневната воена активност во близина на островот, за кој смета дека е нејзина територија.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека ги следи кинеските воени авиони, користејќи систем за противвоздушна одбрана.

Пекинг се уште го смета Тајван за дел од својата територија, одбива да ја признае неговата демократска влада и се повеќе се обидува да го изолира.

Последниот спор меѓу двете страни ескалираше на 23 септември, кога Тајван ја објави својата намера да се приклучи на трговската група на пацифичките земји на која Пекинг аплицираше за членство една недела претходно.

Кина во петокот испрати 38 борбени авиони кон Тајван и 39 во саботата, што беше најголем број вакви летови во еден ден од септември 2020 година, кога тајванската влада започна да објавува извештаи за нив.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот