Ролан Гарос: Рафа полуфиналист, Шварцман само го налути „Бикот од Мајорка“!

Шпанецот поради повреда веќе ја завршува сезоната 2021/Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на грен слем турнирот во Париз откако денеска беше подобар од Диего Шварцман со 3:1 (6:3, 4:6, 6:4, 6:0) во сетови.

Аргентинецот беше првиот тенисер на „Ролан Гарос“ годинава кој успеа да освои сет против „кралот на земјата“.

Тоа уште повеќе го мотивираше Рафа кој беше доминираше после израмнувањето, особено во четвртиот сет кој го доби без загубен гем.

Надал сега го чека подобриот од дуелот Новак Ѓоковиќ – Матео Беретини, а сите очекуваат нова тениска класика помеѓу шпанскиот и српскиот ас.

Веќе е позната првата полуфинална двојка, Стефанос Циципас ќе ги одмери силите против Александер Зверев.

Ролан Гарос: Во Париз ќе има нова шампионка, Сакари ја елиминира Швјонтек

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот