Ролан Гарос: Во Париз ќе има нова шампионка, Сакари ја елиминира Швјонтек

epa09257388 Maria Sakkari of Greece celebrates after winning her quarter final match against Iga Swiatek of Poland at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 09 June 2021. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Марија Сакари во четвтфиналето на Ролан Гарос ја елиминира бранителката на насловот, Ига Швјонтек во два сета и тоа со 6:4,6:4 со што се пласира во полуфиналето.
За пласман во финалето, Сакари ќе игра против чешката тенисерка Барбара Крејчикова.
Шампионката подобро го отвори мечот, ведна направи брејк и поведе со 2:0, но Сакари веднаш возврати со ри-рејк. Израмнетата игра траеше се до деветтиот гем кога грчката тенисерка дојде до две брејк топки, а ја искористи првата и на свој сервис успеа да поведе со 1:0 во сетови.

Сакари продолжи во идентичен ритам и во вториот сет, направи брејк во првиот гем кој го потврди за водство од 2:0. Во тие моменти Швјонтек побара медицински тајм-аут поради повреда на ногата. На теренот се врати со превсрка на ногата, а тоа значеше дека тешко ќе успее да и се спротивстави на Сакари. Швјонтек некако успеваше да го зачува својот сервис, но немаше апсолутно никаква шанса на сервисот на противничката. Сакари предноста ја зачува до крајот и со 6:4 дојде до конечен триумф. Крејчикова во четвртифиналето беше подобра од Американката Коко Гоф со 7:6,6:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот