Доналд Трамп / Роберт де Ниро / Фото: EPA

Роберт де Ниро на протест во Њујорк: „Трамп е закана за слободата, мора веднаш да се запре“

Актерот Роберт де Ниро упати остри критики кон американскиот претседател Доналд Трамп, обраќајќи се на протестот „Без кралеви“ (No Kings) во Њујорк.

Де Ниро порача дека Трамп претставува сериозна закана за американските слободи и безбедност и дека мора итно да биде запрен.

„Кога толпата извикува ‘нема кралеви’, јас слушам ‘нема Трамп’. Имало претседатели кои ги тестирале границите на својата моќ, но никој не бил толкава закана за нашите слободи како тој. Треба да се запре, и тоа веднаш“, изјави актерот.

Тој го обвини Трамп и за политиките поврзани со имиграцијата, како и за надворешната политика, оценувајќи дека има „желба да владее како тиранин“.

Во продолжение од говорот, Де Ниро ги критикуваше и политичарите кои го поддржуваат претседателот.

„Не може да ги прави сите тие работи без поддршка од Конгресот и луѓето во неговата администрација. Тие се со него затоа што се плашат да не ја изгубат моќта и позициите. Тоа е застрашувачко. Како е можно ова да се случува?“, рече тој.

Актерот и претходно јавно повикувал на спротивставување на Трамп. На почетокот од годината емотивно говореше дека претседателот „ја уништува“ Америка.

„Ова е нашата земја, а Трамп ја уништува. Којзнае од кои причини, но тоа е болесно и целосно изопачено“, изјави тогаш.

Од друга страна, Трамп често возвраќа со остри коментари кон Де Ниро и неговите критичари. Во еден од своите говори, тој го нарече актерот „опседнат“ и го оцени како личност која „не знае што зборува“, додавајќи низа навредливи квалификации на негова сметка.

ВИДЕО | Роберт де Ниро повика на отпор кон Доналд Трамп: „Тој е непријател на Америка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот