Роберт де Ниро и Ал Пачино / Фото: EPA/DAVID SWANSON

Роберт де Ниро и Ал Пачино со емотивни пораки се збогуваа со легендарниот Роберт Дувал

Големите актерски имиња Ал Пачино и Роберт де Ниро се збогуваа со нивниот колега Роберт Дувал, кој почина на 95-годишна возраст.

Пачино, Де Ниро и Дувал беа дел од екипата на култниот филм „Кум“. Во изјава за „Варајети“, Ал Пачино му оддаде почит на својот починат колега, а во оваа пригода особено го истакна неговиот талент.

– Беше чест да соработувам со Роберт Дувал, тој беше природен актер. Неговата посветеност на глумата, разбирањето и талентот секогаш ќе бидат запаметени. Ќе ми недостига – рекол Пачино.

Роберт Де Ниро, исто така, се збогува со Дувал со кратка порака.

– Се надевам дека и јас ќе доживеам 95 години. Нека почива во мир – рекол тој.

Ал Пачино во „Кум“ го играше Мајкл Корлеоне, а Дувал неговиот адвокат Том Хаген. Де Ниро се појави во вториот дел како младиот Вито Корлеоне.

Почина оскаровецот Роберт Дувал, најпознат по улогите во „Кум“ и „Апокалипса сега“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот