Роберт Дувал / Фото: EPA PHOTO/EFE/JAVIER ECHEZARRETA.

Почина оскаровецот Роберт Дувал, најпознат по улогите во „Кум“ и „Апокалипса сега“

Оскаровецот Роберт Дувал, чија импресивна кариера траеше седум децении, почина на 95-годишна возраст. Веста за заминувањето на еден од најценетите актери во историјата на филмот ја потврди неговата сопруга Лусијана Дувал, пренесуваат странските медиуми.

– Вчера се простивме од мојот сакан сопруг, драг пријател и еден од најголемите актери на нашето време – напиша Лусијана на Фејсбук, додавајќи дека актерот починал мирно во својот дом во неделата, опкружен со љубов и удобност.

– За светот, тој беше добитник на Оскар, режисер, раскажувач. Тој едноставно ми беше сè. Неговата страст за занаетот можеше да се совпадне само со неговата длабока љубов кон ликовите, добар оброк и собири – додаде Лусијана.

Лусијана истакна дека Роберт „даде се од себе на своите ликови и вистината за човечкиот дух што тие го претставуваат“ во неговите многубројни актерски улоги.

– Притоа, на сите ни остави нешто трајно и незаборавно. Ви благодариме за вашата долгогодишна поддршка за Боб и што ни го дадовте ова време и приватност за да ги прославиме спомените што тој ги остава зад себе“ – заклучи таа.

Роберт Дувал остави неизбришлива трага во филмската историја со улогите како Том Хејген во „Кум“, потполковник Килгор во „Апокалипса сега“ и во филмовите како „М.А.С.Х.“, „Нежна милост“ .

Својата кариера на телевизија ја започна во шеесеттите, со помали улоги во сериите „Бранителите“, „Плајхаус 90“ и „Амстронг Циркл театар“. Своето филмско деби го имаше со улогата на Бу Редли во „Да се убие птицата подбивница“.

Тој го освои Оскар за најдобар актер за неговата улога на поранешна кантри ѕвезда која се бори со алкохолизмот во филмот „Нежна милост“. Беше номиниран и за Оскар за „Апокалипса денес“, „Големиот Сантини“, „Апостол“, „Цивилна акција“ и „Судијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот