Резултатите на сите македонски спортисти на Олимпијадата во Токио

Фото: facebook.com/mok.macedonia.5/kfm.com.mk

На 8 август (недела) завршуваат Летните олимписки игри во Токио (Јапонија), а денеска својот настап го имаше осмиот последен македонски спортист, борачот Магомедгаџи Нуров кој не успеа на крајот да се закити со медал.

Настапија вкупно осум македонски олимпијци на најголемиот спортски собир, а во продолжение погледнете ги нивните резултати:

– Борјан Бранковски 21 место на ОИ ТОКИО 2020 со нов национален рекорд

На Олимпискиот турнир во спортско стрелаштво, во дисциплината воздушен пиштол 60, Борјан Бранковски оствари резултат од 573 кругови (или по серии: 94, 93, 98, 95, 96, 97) со пласман на 21 место. Овој резултат е личен и национален рекорд остварен на Олимписките игри Токио 2020 и за само пет кругови Борјан пропушти влез во финалето и борба за Олимписки медал.

Фото: facebook.com/mok.macedonia.5

– Филип Деркоски 36 место на ОИ ТОКИО 2020 со личен рекорд

Нашиот пливач настапи во дисциплината 400 метри слободно и се појави во првата квалификациска група на натпреварувачи составена од четворица учесници. На крајот Деркоски го освои последното четврто место со време 4:03.34 мин. Деркоски го поправи својот најдобар личен резултат за 76 стотинки, успех кој му носи 739 ФИНА бодови, што е убедливо најдобар резултат меѓу македонските пливачи според ФИНА табелата. Имаше најслаб резултат од сите пријавени во оваа дисциплина, го освои последното 36 место.

Арбреша Реџепи (џудо) загуби во првото коло со ипон од претставникот на Велика Британија Жил Челзи (резултат 0:11) и со тоа го заврши својот настап во категоријата до 52 килограми.

Фото: facebook.com/mok.macedonia.5

– Дејан Георгиевски освои сребрен медал на ОИ ТОКИО 2020 во категоријата +80 кг.

Таеквондистот Дејан Георгиевски ја крена на нозе Македонија со неговиот историски настап, освојувајќи го сребрениот медал (втор во историјата на нашата земја на ОИ) во категоријата над 80 кг. Во првата борба го елиминираше светскиот шампион од Куба Алба Кастиљо со 11:8 за пласман во четвртфиналето.

фото: Македонски олимписки комитет

Потоа, со 9:4 беше елиминиран претставникот од Брегот на слоновата коска Гбане Сејду, а медалот беше обезбеден со победата во полуфиналето против Ин Кјо Дон од Јужна Кореја (12:4). Во борбата за златото Георгиевски загуби од Владислав Ларин (Руски олимписки комитет) со 15:9.

– Најмладата македонска олимпијка, пливачката Миа Блажевска Еминова во дисциплината 100 метри слободно го освои првото место во втората квалификациска група со време 57,19 секунди, за шест стотинки послабо од нејзиниот личен резултат. На крајот го освои 40 место во конкуренција од 52 пливачки.

Фото: facebook.com/mok.macedonia.5

Јован Стојоски со личен рекорд во квалификациите на 400 метри во Токио

– Атлетичарот Јован Стојоски трчаше на 400 метри во четвртата квалификациска група заедно со светскиот рекордер Вејд ван Никер од Јужна Африка. Го освои претпоследното седмо место во својата група со време 46,81 секунди што е негов личен рекорд, за една стотинка подобро од неговиот досегашен најдобар резултат. Заврши на 38 место од вкупно 48 пријавени во оваа атлетска дисциплина.

фото: Македонски олимписки комитет

– Каратистката Пулексенија Јовановска на листата освои вкупно 23.80 поени за првата ката и уште 24 поени за втората ката, по што се извади просек од 23.90, кој на крај се покажа дека не беше доволен за да се мине првиот круг во групата. На крајот заврши претпоследна, односно го освои деветтото место, во конкуренција на 10-те најдобри каратистки од целиот свет.

Борачот Магомедгаджи Нуров одлично стартуваше на турнирот во борење во категоријата до 97 килограми слободен стил, откако во осминафиналето со 5:0 го совлада Саадуи Мохамед од Тунис. Во четвртфиналето се сретна против Ринерис Салас Перез, Нуров ја имаше фаворитската улога, но во борбата за пласман во полуфиналето загуби од Кубанецот со 6:4.

Нуров чекаше шанса преку репасажот за да ги одржи шансите за бронзата, но ги загуби истите по поразот на Салас Перез од првиот фаворит за златото Абдулрашид Садулаев од Рускиот олимписки комитет.

Фото: facebook.com/mok.macedonia.5

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот