Пејачката и актерка во моментот е со вереникот и децата на одмор, а папараците ја следат во чекор…
Џеј Ло и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез со децата на Џенифер, Ема и Макс и домашните миленици пред неколку дена се упатија во познатиот Хемптонс, каде уживаат во заслужениот одмор.
Џеј Ло на одмор изгледа сосема поинаку од било кој вообичаен ден и од она на што сме навикнати: таа се опушта, се одмара од шминката, носи само удобна облека. За тоа сведочат и папарацо фотките, кои настанале додека таа возела велосипед во природа.
Изгледа дека возењето велосипед и е голема љубов, бидејќи како што велат, таа редовно секој ден вози велосипед.
Во обични шорцеви, кежуал маичка на прерамки и коса фатена во пунџа таа го користи квалитетно секој слободен миг. Покрај најобичната облека, таа на себе секогаш носи и маска, бидејќи како што вели, е високо одговорна за здравствената ситуација во светот и сака да го заштити семејството и блиските.
Погледнете ја Џеј Ло во опуштено издание…



