Репрезентации од светскиот врв на одбојката на турнирот „Чајка“

фото: ОФМ

Имено, турнирот ќе биде организиран во насока на подобрување на условите на одбојкарската федерација со обезбедување на три силни репрезентации, гости на турнирот.
На прес конференцијата организирана во Агенцијата за млади и спорт, директорот Дарко Каевски го изрази своето задоволство за упорноста на челните луѓе на одбојкарската федерација и семејството Хаџи Иљоски во одржување на континуитет на една ваква традиционална манифестација.

– Во интерес на одбојкарската репрезентација оваа година концептот на турнирот е поинаков, но и квалитетот на тимовите е на многу повисоко ниво. Гостувањето на репрезентации од светскиот врв на одбојката, како Бугарија, Белгија и Украина е уште една причина за повик до сите вљубеници на спортот викендов да ја посетат салата во градскиот парк и да ги поддржат нашите одбојкари – потенцираше Каевски.

На прес конференцијата свои излагања имаа претседателот на одбојкарската федерација, Петар Јовановски, генералниот секретар Зоран Карановиќ и претседателот на организациониот одбор на турнирот, Ивица Хаџи Иљоски.

Во полуфиналето в петок, од 17.30 часот македонскиот национален состав ќе игра со Украина, а од 20.15 ќе се сретнат Бугарија и Белгија. Во истите термини в сабота се планирани мечот за третото место и финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот