Рекорди кои Ѓоковиќ сè уште ги брка на Грен слем турнирите

Новак Ѓоковиќ може да падне дури на третата позиција на АТП/Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ полека, но сигурно ги елиминира сите досегашни ефекти на ривалите и поранешните асови..

Првиот светски рекет е на два чекори од освојување и на грен слем турнирот „УС Опен“, откако во четвртфиналето го совлада Матео Беретини од Италија.

Србинот стигна до 80-та победа на „УС Опен“, така тој се најде на третото место на листата на играчи со најмногу победи во Њујорк (САД). Пред него се Џими Конорс со 98 и Рожер Федерер со 89 триумфи.

Ѓоковиќ има уште два меча до крајот на турнирот, и доколку ги добие, ќе има 82 победи, со што ќе се доближи до Федерер, а во следните години, може да го стигне и Конорс.

Што се однесува до „Австралија опен“, кој го освојуваше деветпати, српскиот тениски ас е на второто место во споменатиот статистички аспект, има 82 победи, 10 помалку од Федерер. Во Париз, тој е исто така веднаш зад неприкосновениот Рафаел Надал, кој има 13 титули и 105 триумфи.

Само Федерер успеа да го повтори тој број (105) на „Вимблдон“, кој го освои осумпати. Што се однесува до Ѓоковиќ во Лондон, пред него исто така е тандемот Конорс-Федерер, бидејќи Американецот е втор со „кота“ 84.

Уште еден рекорд кој Ноле може да го собори, а тоа е оној по бројот на победи на Грен слем турнирите. Федерер е прв во вкупниот број победи со импресивна бројка од 369, додека Ѓоковиќ е зад него со 321, а Надал е трет со 292. Во овие исклучително важни бројки јасно се гледа апсолутната доминација на „големата тројка“.

Полека, но сигурно, Новак Ѓоковиќ ита кон првите места според бројот на победи на сите Грен слем турнири, доколку остане на истото психофизичко ниво како и сега, можно е да ги сруши сите тие рекорди во наредните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот