Фото: Илустрација/ Hannes P. Albert/dpa,Hannes P Albert / AFP / Profimedia

Речиси четвртина од ИТ компаниите со мнозински странски капитал

Според податоците на Стопанската комора на Србија, од околу 7.700 ИТ компании кои работат во Србија, околу 2.000 од нив имаат мнозински странски капитал.

Бојан Станиќ, помошник директор на секторот за стратегиски анализи, услуги и интернационализација, вели дека е сосема реално да се очекува дека овој тренд на интерес на странските компании за нашиот ИТ пазар ќе продолжи и во наредниот период, пишува Политика.

-Најдобрата верификација на оваа теза ја добивме од избувнувањето на украинската криза, кога голем број ИТ експерти од Русија и Украина ја избраа Србија како земја од која ќе ги продолжат своите деловни активности. Вредноста на извозот на ИТ услуги лани изнесуваше 3,4 милијарди евра, па економистите со право очекуваат дека 2024 година ќе биде нова рекордна година кога станува збор за овој показател – објаснува Станиќ.

Во Србија работат вкупно 21.000 претприемачи регистрирани за ИТ активности. Од сите компании со најголем дел од странски капитал, на прво место по бројност се оние од Руската Федерација – 428, потоа од САД – 170, Германија – 121, Швајцарија – 112 и Велика Британија – 88 компании – објаснува Станиќ и додава дека тоа значи дека компаниите со мнозински руски капитал сочинуваат околу една петтина од компаниите од ИТ индустријата, па затоа нивното влијание е исклучително значајно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот