Рајскиот остров Фиџи (ФОТО)

Фиџи е островска држава составена од повеќе од 300 егзотични острови, чија недопрена природа ќе ве маѓепса на прв поглед…

Лоцирана во Јужниот Пацифик, поголем дел од островите се од вулканско потекло, меѓутоа денес не постои ниту еден активен вулкан.

Најголемите острови се Вити Леву и Вануа Леву, кои го зафаќаат најголемиот дел од вкупната површина на земјата, а остатокот го сочинуваат рајските островчиња прекриени со бел песок, палми и бунгалови, во кој вашиот престој ќе ве потсетува на најубавиот сон…

Фиџи е познат низ целиот свет, по неговите жители кои се многу љубезни. Фиџијанците настанале со вкрстување на маланезијската, микронезиската, полинезиската, индиската и кинеската култура.

Овој единствен народ со богата историја и култура, во минатото го карактеризирал канибализмот. Во музејот Фиџи, во Суви и денес може да се види чевлата на познатиот мисионер Томас Бекер, еден од најголемите жртви на канибализмот.

Неописливо убавите плажи и тиркизното море се главните карактеристики на Фиџи. Секоја година оваа островска земја ја посетуваат приближно половина милион туристи од целиот свет, во периодот од април до септември.

Фиџи е навистина топ дестинација за сите оние кои преферираат пасивен одмор и целосно уживање во апсолутна егзотика.

Светските туристички водичи набројуваат неколку места кои задолжително треба да ги посетите. Тоа се главниот град Сува, островот Тавенуи, рибарскиот рај Нануја Балаву, лагуната во Лаилаиу…

За страствените авантуристи може да се организираат и персонализирани аранжмани, кои опфаќаат и ноќевање под ведро небо на некои недопрени острови…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот