Продуцентот на „Пиратите од Карибите“ откри дали Џони Деп ќе се појави во некое од продолженијата

Фото: Инстаграм

Продуцентот на филмовите „Pirates of the Caribbean“, среде судењето на актерот за клевета против Амбер Херд кое сè уште е во тек, проговори за иднината на улогата на Џони Деп во франшизата,.

Деп за првпат се појави како капетанот Џек Спероу во филмот „The Curse of the Black Pearl“ во 2003 година, а ја повтори култната улога во дури 4 продолженија – „Dead Man’s Chest“, „At World’s End“, „On Stranger Tides“ и „Dead Men Tell No Tales“.


Сепак, тој најверојатно нема повторно да се појави како лик во ниту едно продолжение, според Џери Брукхајмер, продуцент на франшизата, но и на многу други високобуџетни холивудски наслови како „Top Gun“, „Bad Boys“ и „Armageddon“.

Во интервју за „The Times“ по повод продолжението „Top Gun: Maverick“, Брукхајмер потврди дека две сценарија за „Pirates of the Caribbean“ се во изработка, а на прашањето дали Деп ќе се врати, тој одговорил:

„Не во овој момент. Иднината допрва треба да се одлучи“.

Меѓутоа, продуцентот открил уште едно име од А-листата кое би можело да се појави во едно од продолженијата. Зборувајќи за шансите за продолжение со главна женска улога, Брукхајмер изјавил дека преговараат со Марго Роби.

„Развиваме две сценарија – едно со неа и едно без неа“.

Претходно, од Џони Деп беше побарано да се откаже од улогата на Гринделволд во третиот филм на „Fantastic Beasts“ откако ја изгуби тужбата за клевета против весникот „The Sun“ и извршниот уредник Ден Вутон.

Таму го замени актерот Мадс Микелсен кој неодамна призна дека преземањето на улогата било навистина хаотично.

Видео на денот