Бруклин, Никола, Дејвид, Викторија Бекам / Фото: Profimedia

Продолжува драмата кај Бекамови: Сведок тврди дека Викторија го гушкала Бруклин за вратот за време на свадбениот танц

Првиот „специјален“ свадбен танц на Бруклин Бекам и неговата сопруга Никол Пелц завршил во солзи и хаос, откако неговата мајка Викторија Бекам му се приближила премногу интимно на подиумот за танцување, по што невестата расплакана ја напуштила салата, пишува „Пејџ сикс“.

Во понеделникот, 26-годишниот Бруклин објави на Инстаграм дека неговата мајка, 51-годишната Викторија, му го „одзела“ првиот танц со сопругата и дека „танцувала несоодветно со него пред сите“.

Сепак, според нови информации, тоа не бил нивниот вистински прв танц како брачна двојка, туку момент што се случил подоцна, откако веќе сите гости танцувале, а на сцената настапувал пејачот Марк Ентони.

Тој, наводно, требало да ги најави младенците, кои потоа ќе го одиграат својот свечен прв танц на посебно подготвена бина.

„Тоа требаше да биде големиот, романтичен момент на Никол и Бруклин. Сè било однапред договорено и наменето само за нив двајца“, изјавил еден од изворите за „Пејџ сикс“.

Но, наместо тоа, Марк Ентони, долгогодишен пријател на семејството Бекам, го повикал Бруклин да танцува со „најубавата жена во салата“ – не со невестата, туку со неговата мајка Викторија.

Според сведоштвото, Викторија се искачила на сцената, го прегрнала синот и му се доближила до вратот, што многумина го доживеале како несоодветно однесување.

„Таа ѝ го украде моментот на Никол. Тоа е вистината“, рекол изворот.

Се додава дека невестата во солзи излегла од салата, додека делот од гостите на страната на семејството Бекам аплаудирал, а страната на семејството Пелц останала тивка.

„Лицето на Никол било отечено од плачење. Пријателите ја молеле да се врати, но таа цела вечер била тажна. Сцената била навистина болна“, изјавил сведок.

Бруклин во својата објава напиша дека никогаш во животот не се чувствувал понепријатно и понижено од тој момент.

ФОТО | Бруклин Бекам ја откри вистината за односот со Дејвид и Викторија: „Со години молчев, тие постојано лажат во медиумите“

Се огласи Дејвид Бекам откако неговиот син јавно го прозва: „На децата им е дозволено да прават грешки“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот