Дејвид Бекам - Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Се огласи Дејвид Бекам откако неговиот син јавно го прозва: „На децата им е дозволено да прават грешки“

Откако јавноста беше потресена од експлозивната изјава на неговиот син Бруклин, Дејвид Бекам го направи својот прв јавен настап. Неговото однесување пред новинарите на Светскиот економски форум во Давос дополнително ги разгоре шпекулациите за сериозен семеен раскол во семејството Бекам, пишува „Дејли мејл“.

Зборувајќи во живо „Си-ен-би-ес“ Дејвид рече: „Секогаш зборував за социјалните медиуми и моќта на социјалните медиуми… и на добар и на лош начин. Она до што децата имаат пристап денес може да биде опасно. Но, она што лично го забележав, особено кај моите деца, е дека тие ги користат социјалните медиуми од вистински причини.“

 – Можев да ја користам мојата платформа и бројот на луѓе што ме следат, за УНИЦЕФ. И тоа беше најмоќната алатка за да ги запознаам луѓето со тоа што им се случува на децата низ целиот свет. И се обидов да го направам истото со моите деца – да ги едуцирам. Тие прават грешки, но на децата им е дозволено да прават грешки. Така учат. Тоа е она што се обидувам да ги научам моите деца – понекогаш мора да им дозволите да ги прават тие грешки – додал тој.

Дека целата семејна ситуација е непријатна за поранешниот фудбалер, докажува и уше еден моментот кога Бекам позираше за фотографите и селфиња со обожавателите во Давос.

Новинар на „Скај њуз“ го праша: „Дејвид, дали имаш порака за Бруклин?“ Бекам не се осврна назад, целосно го игнорираше прашањето, се сврте и набрзо го напушти местото на настанот. Додека си заминуваше, новинарот му постави уште едно прашање: „Дали си разочаран што семејните работи се објавуваат јавно?“, но дури и тогаш Бекам не даде никаков коментар.

Неговите зборови дојдоа еден ден откако Бруклин се појави на Инстаграм и инсистираше дека нема желба да се помири со своето семејство, наведувајќи дека „за прв пат во својот живот“ се залага за себе.

Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц (31) се во центарот на семејна расправија, што ги натера да ги игнорираат сите важни семејни собири во последните месеци, вклучувајќи го и 50-тиот роденден на неговиот татко Дејвид, како и доделувањето на витешка титула.

ВИДЕО | Бруклин Бекам поради ова видео го блокирал целото семејство на Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот