Бруклин, Никола, Дејвид, Викторија Бекам / Фото: Profimedia

ФОТО | Бруклин Бекам ја откри вистината за односот со Дејвид и Викторија: „Со години молчев, тие постојано лажат во медиумите“

Бруклин Бекам конечно одлучи да ја отвори душата и да стави крај на шпекулациите за војната што веќе подолго време тлее меѓу него, неговата сопруга Никола Пелц и славните родители Дејвид и Викторија. Преку серија објави на Инстаграм, Бруклин ги обвини родителите дека постојано се обидуваат да му ја уништат врската само за да добијат повеќе публицитет во медиумите.

„Доста молчев! Со години се трудев сè да остане во семејството, ама мајка ми и татко ми (и нивниот тим) постојано лажат по медиумите. Не ми оставија друг избор освен сам да си ја кажам вистината. Не планирам да смирам со нив. Веќе не ме контролираат, првпат во животот си стојам на своето“, порача остро Бруклин.

Фото: Инстаграм/Бруклин Бекам

„Брендот Бекам е поважен од семејството“

Бруклин откри дека за неговите родители најважна е сликата во јавноста. Според него, „љубовта“ во куќата на Бекамови се мери со тоа колку објавуваш на социјалните мрежи и колку брзо ќе се нацрташ да позираш за заедничка семејна фотка.

Фото: Инстаграм/Бруклин Бекам

Хаосот почнал на свадбата

Најголемиот скандал се случил на самата венчавка во 2022 година. Додека Бруклин чекал романтичен танц со сопругата Никола, Викторија „влетала во филм“.

„Мајка ми само чекаше да танцува со мене. Танцуваше толку невкусно и непримерно пред сите, што во земја сакав да пропаднам од срам“, пишува Бруклин во објавата.

Како капка која ја прелила чашата, Бруклин наведува дека Викторија во последен момент ја откажала изработката на венчаницата за Никола, а неговите најблиски на самиот ден на свадбата му рекле дека Никола „не е нивна крв и не е дел од семејството“.

Фото: Инстаграм/Бруклин Бекам

Извори блиски до нив велат дека Бруклин е целосно растргнат. Иако му се родители, неговиот однос со Дејвид отсекогаш бил повеќе базиран на „бизнис“ отколку како врска меѓу татко и син.

ВИДЕО | Бруклин Бекам поради ова видео го блокирал целото семејство на Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот